го (зам.) - избегнува (гл.)

- Верски календарчиња за 50 денари - пред него викаше еден човек, кого сите го избегнуваа како тој да проси пари, а не да сака да ги заработи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Па тој направи само она што му налагаа околностите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој го избегнува нејзиниот поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наеднаш знаеш дека не смееш да му се потчинуваш на злото, дека треба да се однесуваш умно и да го избегнуваш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се разбира, многу потпрашања ми идеа на ум.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ах, ништо, не е страшно, иако со право во ваквите моменти секој го избегнува изворот на смеата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали сепак токму сомневањата од ваков вид за судбината на таткото на Иван не беа причина да го избегнува јасниот одговор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таша нема да ни забележи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За членовите на професионалните дисциплини кои сметаат дека имаат пристап до објективното знаење, критичкото размислување не е можно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така тие го избегнуваат соочувањето со моралните и етичките импликации на нивните практики на знаење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во САД, сексуалните, емотивните и романтичните врски меѓу мажите, кои некогаш биле конвенционални, почнале да се разводнуваат долго пред крајот на деветнаесеттиот век, а средносталешките мажи почнале да го избегнуваат телесниот допир со други мажи од страв да не бидат сметани за девијантни.55
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што покажа Д. А. Милер, геј-културата е на спротивниот пол од неироничната поза на мажествената рамнодушност што изигрува нормалност, изискува почит и ја предизвикува сексуалната желба кај геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, обратно, сексуалната желба кај геј-мажите внимателно го избегнува тргувањето со културните субверзии на кампот, кој, на крајот на краиштата, би повлекувал поткопување токму на истата таа желба: спласнување на нејзините бучовски театралности, упропастување на нејзината мажествена парада. ‌Поларноста помеѓу кампот и убавецот, иако е строга, не е апсолутна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во долгата сенка на епидемијата на ХИВ/сида, геј-мажите можеа да го избегнуваат сознанието дека наметнаа мрак врз изразувањето и испитувањето на настраниот афект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако презирам провокација заради провокација, сакам да го избегнувам академскиот жаргон, секогаш кога тоа е возможно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Костумите во неговиот плакар, го загубија редот, на пријателите околу себе можеше да им понуди само огорченост која никој не ја сакаше, така што тие почнаа незабележително да го избегнуваат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Следниот ден го избегнував брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најризична за театарот е групата во која спаѓаат актери кои свесно го избегнуваат својот удел во актерската игра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Карпата само меко се тргнува во темнината (а во собата сега навираат од цепнатините на закнижените прозорци сончеви зраци) како да го избегнува болезнениот допир на чеканот, се бранува, час истакнато грозна, час магличесто мека и рамна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но вешто го избегнуваше најважното прашање, а тоа беше нејзината чесност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите беа свесни дека Рада уште одамна ќе заминеше со Томо да не беше во прашање случајот со Ана, која по секоја цена го избегнуваше сместувањето во некоја психијатриска установа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во триесеттите години се обидува да се доближи до официјалната идеологија и го избегнува прогонството во Сибир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од 1946 година, па сè до крајот на шеесеттите години, и покрај рехабилитацијата, неговите дела не се печатат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѝ се стори дека Хелвиг го избегнува нејзиниот поглед. Имаше ли нешто што не ѝ кажа?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стратегијата на неговиот егзил го учеше постојано да го избегнува враќањето на почетното, на претходното место, секогаш одеше во правецот на антивраќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Насмевнат, авторот ѝ се тргна од патот, а таа направи полукруг околу него како да му стави на знаење дека го избегнува и замина по улицата надолу.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дора почна бавно да јаде, но сѐ некако го избегнуваше парчето салама.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)