го (зам.) - избегне (гл.)

Се сетив, ете баш во тој миг, масичето ме потсети, задржано од старата кооперација, можеби за да го избегнам барем во моментот неудопството, се сетив на онаа мала свеченост пред повеќе години, во времето на големата инфлација, кога парите добија многу нули.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Нека биде, нека биде ... шнауцер, можеби малтезер или пак некоја друга, мала, слатка сорта, лесна за чување и одржување. (Упорно го продолжува муабетот за кучето, за да го избегне муабетот за детето).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Така во следната слика го наоѓаме Константин З. како плива по новиот базен на штипската бања Кежовица, борејќи се со обновеното чувство на покајување што дошол во оваа паланка и во оваа бања, обидувајќи се да го избегне подгледнувањето кон дното на новиот базен, на кое се наоѓаат големи правоаголни мермерни плочи издлабени со стотици аглести знаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овој го избегна одговорот на прашањето како го пуштиле од интернација, а самиот го праша директно Пискулиева: - Што мислиш ти да правиш, мислиш ли уште да квачиш овде кукавички јајца?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Обично, во секој шпионски филм има многу елементи на насилство, а ние сето тоа го избегнавме.” •Како дојдовте до идеја да го снимите оној долг кадар со камерата во движење за славната љубовна сцена на балконот? •Хичкок: „Чувствував дека љубовниците мора да останат во прегратка, дека ние мораме да им се придружиме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Момчето мокреше на ѕидот, но девојката цело време го држеше под рака и не го пушташе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Притоа тие сакале да го избегнат мешањето на големите сили.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Замислата за формирање на Балкански сојуз ја подржувала Русија која на тој начин настојувала да го оневозможи германското продирање на Балканот, мореузите и Блискиот Исток.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Човек што се однесува како пес се надева дека ќе го избегне големиот Друг и дека ќе го најде вистинското уживање, загубената анималност на човечката природа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во својот одговор Тито ќе истакне дека бригадата е формирана од бегалци од Грција кои ја преминале границата за да го избегнат угнетувањето.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Петто: дека со тоа тие ќе го избегнат понатамошното пролевање крв без да можат да го променат конечниот резултат на војната која сега е при крај.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Така сигурно би го избегнал ќотекот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Инженерите и теоретичарите ги користат Њутновите закони коишто се адаптирани за релативноста за да го проучуваат ова хаотично движење кое настојуваат да го избегнат, т.е. да му ја “фатат” структурата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овие зборови ги наведувам и затоа за со тоа Luca Cambiaso, Група ликови сведочење да го избегнам сомневањето дека okno.mk | Margina #26-28 [1995] 178 запаѓам во тема поттикната од аналошка заблуда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но се покажа дека партизанската бригада тргнала токму да ги ослободи политичките затвореници од Идризово како главен затвор во окупирана Македонија, а Баге им послужил токму како пробен зајак за да им ги покаже дупките во ѕидините, за да го избегнат парадното, но жртвено навлегување преку високата порта на службениот влез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Миха гледаше да го избегне одговорот, па побара време да размисли, а стариот му препорача што поскоро да се реши за да има кога да ургира на соодветното место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се разбира, за да го избегнат самоубиството, мора да знаат кога да запрат. A coups tires, “со премногу извиени вратови”, го поистоветува инцестот со асфиксијата и со Дишановиот план произлезен од изразот couper le gay: “да се прекине доводот на плин”: да се создаде општество во кое единката мора да плати за воздухот што го вдишува (мерење на воздухот; пакување на воздухот и разреден воздух); во случај плаќањето да не се извршува редовно, се оди кон едно­ставно задушување, ако е неопходно (да се прекине доводот на воздух).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
122 Ваков тип на хонорарни договори (со што хонорарно ангажираните работници би биле социјално осигурани) и да го избегнат договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Останавме само четворица Албанци живи што го избегнавме секот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се обидувам да го избегнам погледот кој го упатува А.А. кон мене, а потоа како по наредба и К.К.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А јас, така барем ми се чинеше, не можев да го избегнам погледот на Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојат такви привиденија, немаш сили да го надвладееш нивното присуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му се воодушевувам на ставот што го сочинува спротивставувањето на инвазијата со скрстени раце.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Принуден сум да си противречам за да го избегнам поводот за сопствениот вкус.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тргнав кон своето место, зад Луција. Таа го избегна мојот поглед, оти знаеше зошто ме викнал директорот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секогаш кога ја подигав главата не можев да го избегнам неговиот продорен, строг и потценувачки поглед.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога јас ќе зборував за тоа, таа гледаше да го избегне разговорот и ми се чинеше ако бидам упорна ќе се отуѓи и од мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Првиот расказ го има објавено 1975-та во списанието Esquire (“Срцето на шампионот”), а неговиот расказ “Симнување на човекот” му ја донесе тутулата на херој на подземјето, продолжувач на раните експерименти на Барт, Пинчон и Т. Робинс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ужасно сакам да го избегнам тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги објавил романите Музика на вода (1982), Проспекти во пупки (1984), Крај на светот (1987) за кој ја добива Фокнеровата награда, и романот Исток е исток (1989).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Френк Херберт, кој е одличен, напиша книга сосема различна од Дина. Се работи за луѓе што стануваат инсекти во Портланд.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Одев во колеЏ, дипломирав, предавав во средно училиште за да го избегнам Вијетнам, но главно скитав, до 1972-та кога како излез од слепата улица го запишав курсот за пишување на Универзитетот во Ајова и почнав да пишувам куси раскази.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си ја читал?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Немаш страв. Ти своето мислење за непостоењето на бесмртноста го кажуваш со таква рамнодушност, како да си потполно уверен во својата бесмртност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Но тоа не ме тера да си давам лажна надеж, за да го избегнам сопствениот страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во Виенската болница некои од хирурзите дел од своето работно време минувале правејќи ја таа од законот забранета, а сепак за некои луѓе дозволена дејност – таму абортирале ќерките и метресите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Управувајќи го коњот да се движи во круг и засолнувајќи се со танчарски движења ту под неговата глава ту зад неговиот врат од левата страна, еднаш со брзи потскокнувања, другпат скоро со коленици до земја, го избегнал и вториот удар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ можел да се заколнеш дека од првото исправање на нозе и со неисушена капка мајчинско млеко на усните се вежбал само за една одбрана и за еден ден, за тоа смирување на попладнето исполнето со топлина и со брчење на златни бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само за миг пред острицата на долгата сабја да падне врз него се фрлил во скок кон коњот и ги зграпчил уздите. Го избегнал нападот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Успеваше да го избегне ударот од сите нив само по некое чудо, затрчан слепо и без здив по снегот што тонеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Светна мислата - се докрајчило она што го тревожеше и што не можеше да го избегне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо одеше прв, по него Глигор, се сопинаше во неговите топуци, сакајќи да го избегне топлото збивтање на полицаецот што му удираше в тил.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Болна е оваа спротивност. Невозможна. Го ведна погледот да го избегне лицето на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Запаѓаше во нездравиот оган на треската и во поматената свест претчувствуваше нешто што немаше сили да го избегне. и постепено се губеше во морничаво бладање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога би можел во тој миг да исчезне и да го избегне ова навредување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
БЕРЕЊЕ НА ГРОЗЈЕ Од принцип се трудев да го избегнам.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Некако стана и го избегна новиот напад. Така успеа отстрана да го начека противникот и да го фати со забите за врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само на оние на кои им гореше под нозете бараа начини како да го избегнат полагањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Четворица сме: јас, жена ми, ќерка ми и син ми; јас: маже со мустаќи, без власт, без сенка, со песна в раце од Давид Авидан, превод од хебрејски на Жени Лебл, понизок од жена ми, а таа не мора, ама се наведнува, се спушта со телото кога сме надвор и еднододруго, некако да се изедначиме, да го избегнеме подбивот, ѝ велам, како успеваш, а не, вели таа, толкава сум.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Луѓето како јас имаат последичен праисход: велат веќе речени работи кога на пример се спомнува сексуалната егзалтација: еби си мајката, фати џенем, вит не видело и невиделица, така за луѓето како јас, така и јас: еби си мајката, оди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш сфаќам дека помалку изгледа фрикнато и ја преминувам улицата за да го избегнам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некој Шпанец со лоши мустаќи се обидува да ме вовлече во разговор. Супер! Некој за муабет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Строгоста на овој систем, посебно откако владата ги заостри прописите 1968. година, значително ја ограничи легалната можност на наркоманите да набават дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради тоа, криминалот порасна, бидејќи уживателите се обидуваат да го избегнат она што се нарекува понижувачки пропис.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко, за да го избегне мачното расположение што може да настане ако се продолжеше да се зборува за лупите и операцијата, му нали на Камилски ракија, а нали и за себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не бев со нив кога ги собраа и одведоа, затоа и не можам да не се чувствувам виновна за нивната смрт, па иако јас, лично, го избегнав тешкиот прст на судбината поради околности кои не можеа да им наштетат на жртвите", си спомнуваше таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не постоеше ни најмала можност да го избегнам, зашто ме виде пред јас да го забележам.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„Навистина немам увид во вашиот случај” се обидов да го избегнам директниот одговор.“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стануваше збор за обично додворување што се обидов да го избегнам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во разговорите во кои имам случајно учествувано последиците од некои ваши постапки се третираат како недоразбирања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не знам, - рече Пеце сакајќи да го избегне одговорот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога го прашав тоа попладне татко ти зошто се однесе така, зошто го избегна разговорот со жената, ми објасни дека тоа не му била намерата. Тој никогаш ништо не избегнувал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Често се пијанеа, меѓу ѕидините на тврдините, но и такви не можеа да го избегнат шумот на водената пустина. Беа отсечени, се раѓаа и умираа сами, беспомошни.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако дозволам да бидам уништена во витлите на осудената беспомошност да го избегнам крајот, да извршам предавство врз телово и душава, тогаш тоа е пораз кој ќе го носам како пехар на страмот и во пеколот, а Хермес ќе ја води мојава душа во тој подземен свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Или, дома и мачки да не не сакате, да не сте алергични?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Внимателно ме набљудуваше додека се обидував да го избегнам месото и со лажицата буричкав низ оризот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Инженерот Декостер сметаше дека неговата мисија ќе прерасне во парадигма во регионот, зашто Македонија ја сметаше за мирна земја, која го избегна големиот конфликt по братоубиствените војни на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Па, како во својот личен израз најдовте начин да го избегнете добриот или лошиот вкус?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Претпоставувам дека тоа значи дека сте се обидувале да го избегнете самоповторувањето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога требаше помалиот брат да го испратиме, Добрила како мајка и јас како сестра требаше да го бакнеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си помислив – ќе им побарам на моите претпоставени да ми дадат коњ и ќе одам до Кичево да се видам со сите во баталјонот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стариот утредента ќе тргне со воз и така ќе го избегнам да му објаснувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас тоа го избегнав, само му ја дадов пушката и му посакав сè убаво да му биде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)