го (зам.) - избања (гл.)

Неодамна го избања мачорот и сега од сапунот неговото кадифесто крзно мирисаше на чисто.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога го избања во амамот и кога му ги виде приштовите под мишки, и уште кога овој не кажувајќи ни три чисти му се прикажа како нетокму, Марко веднаш побрза да ја оттурне помислата дека Мехмед-паша нарочно, поради некаква скриена одмазда, му го дал овој недугавко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Водата што се слеваше беше единствениот звук кој ја попречуваше длабоката и древна тишина на тој крај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи Борхес мораше да дремне попладнето, Марија ми предложи да излеземе на ручек, па така и направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хотелот беше близу до стариот град во женева, и како што талкавме по кривулестите улици на тој прекрасен дел од градот, таа однадвор ми покажа една преубава куќа крај една величествена црква, со камени темели, на аголот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тајно да го избања, така, па макар и на начин да му шепне пар скарадни вистини, секогаш контра и против засмрдените норми и морал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Околу пладне се појави медицинска сестра за да го избања, да му помогне околу дневните вежби и да му даде ручек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)