го (зам.) - избакне (гл.)

И Крле стана и напиша писмо. Неда го прочита десетина пати, го измилува, го избакна, особено потписот и го кладе во малото ковчеже каде што стоеше исушена првата китка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го избакна уште повеќе крштеничето и стана, си киниса, решена по секоја цена да исткае и таа такво „чудо“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Биди ербап сега — не пушчај го", — си зборуваше самата и гореше од желба што побргу да го види Крлета и да го избакне како свое дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, е, е! господ здравје да ти даде, бег, и срце што ти сака, ако го направиш тоа добро! — и се испушти на Трајковица од грлото и само што не го прегрна „добротворот“ Адема да го избакне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добре ми дојде! — го поздрави мајка му, и како секоја мајка, го прегрна и силно го избакна по широкото бело лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Убав тој на мајка! - се израдува мајка му, и го избакна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа го испрати до портата, ја отвори вратата, го избакна и рече: Ајде, синко, нека ти е среќно!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Над Кукуш се спушташе мракот. По куќите ламбите се палеа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Да живее новиот член на нашиот таен револуционерен кружок! - викнаа членовите на тајниот кружок, станаа и го избакнаа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На разделба и родителите и децата го избакнаа мачорот и си отидоа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа застана на рамото Дедомразово го избакна највистински.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој си го избакнал детето во лулката, нежно ја прегрнал саканата, и таа цела ноќ го слушала како ѝ липа врз градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сестричке моја, сестриче мила, ѝ рекла жената на најстариот брат, од сè срце би им однела ручек на мажите, арно ама ноќеска некој ѓавол ми влезе...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)