го (зам.) - избави (гл.)

Него, преку влевање на лажна надеж, со подавање на врбови гранки, божем за да го избават од сигурната пропаст, чупата Перуноска и Владимир Акиноски целиот тој ден го измачуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Блажени се оние што ја спознале љубовта во срцето свое, оти љубовта е патот и целта, и љубовта човека го избавува од вечната смрт на омрзата и на тагата, а секоја љубов коренот свој го има во љубовта кон Него, па тие што љубат, во љубовта Нему му се поблиски“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Никој не ќе го избави Шумшул –град од неговото проклетство.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја чекале залогорени меѓу смреки и жолто процутени грмушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Била преморена, нејзиниот од повремено минувал во несигурно трчање - гласник е што и по цена на животот се напнува со последна жиличка да му предаде на таборот на кој му припаѓа со душа претсмртна вест, да го избави од грижи или да го предупреди, битката сѐ уште тече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се ни обиделе да го спасуваат животното.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале неговиот стопан Никифор Ганевски со нож да го избави од маките. Премалувале од глад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите бевме виновни: и оние што го бесеа несреќникот, и ние другите што не го избавивме од умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некое време сетил оти ет на суо и станал просто, та се прекрстил и Богу се помолил задека го избавил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Застанал крај море да гледа кај што се скрши гемијата, да не нешто излезит од море дуовникот; арно, ама зачудо што чекал Силјан, чунки дуовникот и сите друзите што беа во гемијата - беа се удајле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)