го (зам.) - здипли (гл.)

Потоа, на третиот ден, кога вечераа, сиот мрачен, рече: Уште тоа треба да правиме, да чуваме српски копилиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка ѝ на Благуна, вдовица на Васила Јанческа, почина меѓувреме, а главата на сојот Јанчески, војводата Крсте Јанчески, на кого сѐ му зарастуваа месата и кого и новата српска управа го тормозеше, откако го прочита писмото, го здипли в пазуви и два дена со никого не прозборе од своите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа, како што после се расчу, заедно со овој Војнета наш, му го здипли целото злато што го имал спечалено во Америка некој Петре, таму во селото каде што таа беше омажена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дека бил глуп! (го здиплува шамивчето, го враќа во џебот) – За храброста му симнувам капа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Глигор го здипли челото. Зошто го одби неговиот предлог?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крвникот се искрива, го здипли шамивчето и го стави во џеб; потоа го спушти долгиот, непријатно бел прст врз копчето од електричното ѕвонче, се потпре на него со целата рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дадено на буљукбашијата Суљо-ага, 4 шевар 959 година во Прилеп.   – Така – издивна длабоко кадијата и се исправи та го препрочита уште еднаш писмото на глас, го здипли, го врза со една шарена врвца и двата краја од врвцата ги потпечати со восочен печат, па почна да си зборува сам: – Знам дека ќе го налутам, ама ако разбере од друг, сигурно ќе ме обеси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По таа напорна експликација, генералот ги собра капките пот од челото и ги конзервира во шамичето што му го подаде сопругата, а тој го здипли во џебот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој го извлече шамичето за нос од шинелот, во коешто го беше донел; шамичето беше штотуку донесено од перачката, и само неколку мига подоцна го здипли и си го стави в џеб за да може да го употребува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако го здипли убаво италијанското знаме и го врати на старото место, Мајка тивко се огласи: – Каде запрев, јас пуста? – Кога заминаа италијанските војници – одговори Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)