го (зам.) - зграпчува (гл.)

Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
КОСТАДИН: (Го зграпчува за гуша). А, куче чорбаџиско!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Надвор!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Сине! - вика татко му и го зграпчува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го зграпчува диво за гуша.) Не е вистина. Не е вистина. Речете дека не е вистина.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Додека зборуваме, Lazer непрекинато го зграпчува спрејот со боја и црта некаков знак на ѕидот, плочникот, тротоарот, или врз некое поштенско сандаче или врз стаклото на некој излог. Било каде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Чувствуваше како некој одвнатре му го зграпчува окото и тоа, како полжав, се повлекува и се измолкнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)