го (зам.) - зголемува (гл.)

Марија! Марија... викаше по неа за да ја запре и го зголемуваше чекорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кривичното гонење на уживателите на дрога не го намалува значително нивниот број. Голем дел од населението има пробано дрога (една третина постари од 12 години има користено, на пример, марихуана).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
71 Останатите можат да дојдат лесно до дрога, доколку го сакаат тоа. Казнувањето го зголемува проблемот со тоа што уживателите насила ги упатува на илегалниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тесна врска со религиозното чувство кое провејува низ книгата - кое не го загрозува, туку само го зголемува нејзиниот уметнички впечаток - е темата на „божјите луѓе“ како комплементарна со тоа чувство, теми која е централен лајтмотив на оваа книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оставена си на некое влијание што ти го зголемува само бесот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претседателот остана долго неподвижен, потих од темнината. Тишината го зголемуваше она во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Читајќи ги очајот во очите на сонародниците, омразата во очите на домородците, тој уште поупорно ја тренираше својата издржливост, го зголемуваше своето знаење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Грубата дрвена масичка со лузни од разни засеци со белата прекривка како да ја зголеми светлината, а секојдневните шејови за готвење, јадење и пиење онака чисти и наредени секој на своето место, го зголемуваа пријатното чувство при влегувањето во одајчето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа што никој не се јавуваше само го зголемуваше неговото измачување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Младиот господин живее сам. – Тоа го знам – ѝ рече тој. – Не живее тука, туку понекогаш доаѓа, зар не?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ситните црни плодови го зголемуваа богатството и моќта на Мегалон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)