го (зам.) - згасне (гл.)

9. Се гласи ноќната шума и попусто вика да запреш ти не слушаш ни каменот го гледаш ни повејот што јакне не слушаш те мами сал ноќта и тие светлината в сон што им иде дур попусто некој те вика и чекорот твој свиден ти не слушаш Час е неречената песна ѕвездите кога ги виши во штамата на светот и притаената мрака што сака под тие светила скришни да ти го згасне летот ти не слушаш Истрел ги собори ѕвездите Самотнику дали го чу И како да го чуеш во итањето во тоа итање убаво на усните со зборот што ги раскрева урнатините на ноќта и во заборав ја истава црната стија на биднината Радост на итањето твое по ранетите лисја по премалениот шум сал муграта твоја ја знае и истрелот само ја чу
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Кога ќе се умореше, запираше, влегуваше во езерото, зграбуваше од водата со грстите и фрлаше на себе да се олади, да го згасне телото што ѝ гореше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ах“. Другиот воздивна. „Каква кошмарна земја. Сенешто се случува овде. Некој го згасна сонцето; ноќ е.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Време е очајот да се измоча и одземената слобода да се грабне време е во ова невреме мачно месијата мајка да ни расплаче Да можат и сонцето би го згаснале просветлени демони во мрак да можат сите би не убиле време е да им застанеме на пат Парталави души нечистотија шират со омраза нѐ распарчија до коска време е за сурова војна со овој болен и импотентен свет
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Луѓето од манастирот се обидувале да го згаснат огнот, но попусто.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)