го (зам.) - збунува (гл.)

Рада одговараше кратко, што уште повеќе го збунуваше Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имав можност да дознаам дека однесувањето на Лена понекогаш го збунувало Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа го збунува новодојдениот, особено ако првпат се пробива со кола низ овој густ шпалир од коли...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Улицата малку го збунува. Застанува, почнува да гледа наоколу, испитува сѐ и сешто и се дуе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Со страв и голема недоверба полека ја поткреваше јамболијата. Го збунуваа високите мартинки крај креветот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)