го (зам.) - збуни (гл.)

Маргина 37 77 „Овој е наш“ - помисли старецот, но другиот непознат го збуни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој имаше големи клемпави уши и грозоморно, сѐ до ушите, се насмевнуваше гледајќи го старецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие се трудат да го задоволат лекарот, но и да го збунат, испрескокаат, за тој да не допре ништо навистина важно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
"Тоа е моја работа", грубо му одврати таа, и тоа конечно го збуни и му ја потврди претпоставката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господинот Гроздановски имаше голема желба да смисли некоја итрина што грифонот ќе го збуни и тоа го правеше на повеќе пати, но досетката, колку и да беше итра, никогаш не му успеваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Понекогаш господинот Гроздановски правеше намерни грешки, смислени, со намера да го провери неговото поведение, па дури и да го збуни, но грифонот никогаш не пропушташе да ја поправи неговата грешка без оглед на тоа дали била намерна или не.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа го збуни, очекуваше да води доверлив разговор со некого од главите на домаќинството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Мајка ми? - се зачуди Иван. Очигледно моето прашање го збуни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Она, што го бев слушнал во врска со борците кои престојувале кај нас по борбите кај Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мајка ми се чини веруваше дека тој податок нема многу да ми користи. - Кој податок – прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни го толкуваше лудилото, уверен дека и така може да предизвика промена кај некои од нас, а ние му се потсмевавме, го гаѓавме со стуткани ливчиња, вревевме за да го збуниме во зборувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тој продолжуваше да го толкува лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неочекуваната, непријатна средба со овој црн, испиен човек што го гледашепод веѓи, го збуни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ова повторно го збуни Томо. Каква е врската меѓу Рада и некој си замок?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Новиот во играта обично сака да го збуни противникот со тоа што ќе зададе имиња испишани со најситни букви; но искусниот играч избира зборови со големи букви што се протегаат од едниот до другиот крај на картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако беше нечестив дури до врвовите на клепките, ова доста го збуни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Врагот веднаш зеде на заем една дурија и една казма и, не штедејќи ја својата сила, почна да обработува едно парче земја крај еден пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Понекогаш ќе се штрекне од некој чуден, непознат глас, на кој не му го знае потеклото и кој го збунува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Младичот преврте со очите за да го збуни; цмиздраво ѓаволче што знаеше дека не е во право.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Ова прашање на адвокатот го збуни Хелвиг. Го уплаши. Тој молчеше подолго време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- го збуни со конкретното прашање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Живиот човек не е ништо поинаков од оние кучињата на научникот Павлов: познатите дразби во него будат импулси за акција, додека непознатите го збунуваат и го дезориентираат...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Настанот толку многу го збуни, кога направи да се почувствува глупаво, да се најде пред загатка што не постоеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Токму тогаш на кај него, но одејќи во спротивен правец или преправајќи се за да го збуни, наиде едно сумало старче со длабоко пропаднати очи коешто го гледаше право в очи, со раздвижени усни, очигледно мламуштејќи си нешто самото на себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)