го (зам.) - збрише (гл.)

За какви пороци говориш ти? Ние ќе го збришеме гнилежот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со темницата дојде сонливо ветре и го збриша сладникавиот мирис на тагата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека „трчавме“ низ Версај, подолго останавме во оној салон каде што е потпишан Версајскиот мир и каде што на парче зелена масае скроена судбината на македонскот народ, каде што версајските „миротворци“ Македонија ја парчоса на три дела и им ја дадоа на три балкански држави како да сакаа само со потписи да го збришат постоењето на еден цел народ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Аха... Е, па кажи им на луѓево дека ќе го збришиме селово ако не се јават тие што го направиле злосторството...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некаде меѓу полноќ и три, четвртокот наутро, ураганот удрил и го збришал Криол.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Така ќе му рече и потоа ќе го збрише, ќе го земе во нејзините добри, светли прегратки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)