го (зам.) - збогатува (гл.)

Сатиричниот приод кон историјатот на Киев во периодот на Граѓанската војна, во белешките за неговите (на градот) и на луѓето нарави, М. А. Булгаков го продлабочува и го збогатува со извонредно топлиот лиризам, што, мора да се признае, не е толку честа појава во еден сатиричен текст. 210 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во своето прозно творештво како професионален сатиричар, соработник со повеќе руски, не само советски весници и списанија, Михаил Афанасјевич е следбеник на онаа струја во руската литература и потесно, сатира во нашиот случај, што своите корени ги има во творештвото на Н. В. Гогољ, што не е тешко да се забележи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не гледам – разоткривам. Си поигрувам со боите, во себеси танцувам, го сенчам просторот па со сонце го збогатувам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Можеби тие слики и не висеа на ѕидовите, туку висеа во мене, во моите очи, во моите слепоочници, а јас ги лепев по ѕидовите, го збогатував друштвото на ѕвероглавите и стравував, стравував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Материјалниот свет“, продолжи Дипен, „изобилува со големи сличности во однос на нематеријалниот; и на тој начин реторичката догма, што преку метафората и компарацијата ги поткрепува аргументите и го збогатува изразот, добива извесна нијанса на вистинитост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот, да го одбележиме многу добриот превод на големиот специјалист за Балканот кој се крие под псевдонимот Клеман де Исартеги (вистинското име Патрик Крисман, б.м.) и кој пријатно го збогатува овој роман.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој и иноверникот, и смртта заедно со нив и во нив под јакуцката на ноќта; таа ќе го стори своето и ќе продолжи да го збогатува боиштето со трупишта, тие ќе останат вкочанети и безимени, заборавени. Потоа се ќе отфркне. ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)