го (зам.) - збогати (гл.)

Нив, пред сѐ, ги интересира дали дрогите можат да ги поттикнат креативните потенцијали и да го збогатат творештвото со нови теми и содржини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Својот мајчин јазик Татко во Цариград ќе го збогати и усоврши.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што италијанската десница од неодамна го збогати својот канон со делата на Де Мејстр, Генон и Грамши, за да ја демонстрира својата отвореност, доказ е за синкретизмот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој предавнички се повлекол со еден чекор - да ја земе, а жена му со трите гулапчиња в скут?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не сака да си го растури огништето, тој само нуди да ѝ го збогати животот со мајчинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така аскетскиот арсенал на тие парадокси, забележан во старите елејски учења и одредени во схоластичките примери за Ахил и желката и Лакот и стрелата, денес можеме да го збогатиме и со новиот технолошки пример...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак одовде го збогатува спојувањето на обичното со лирското.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Истовремено, им го овозможи контактот со староседелскиот руски дух и универзалниот уметнички јазик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Невообичаениот приод кон детската уметност и останатите наивни уметнички дела, го збогати оригиналниот придонес на руските уметници кон интернационалната авангарда.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ова учење го збогати неговото знаење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најубава и колку што е можно понереална приказна, од која ќе ги заборавам родољубивите и противречните лаги од овие неколку весници што ги купив токму на брегов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)