го (зам.) - зајакнува (гл.)

Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ниту во Татковото, ниту во семејството на Камилски, не можеа да разберат што вистински работат двајцата пријатели наизменично во нивните библиотеки од утро до вечер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко само толку знаеше за својот нов пријател, чие пријателство и доверба кон него му го зајакнуваа книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да биде уште поуверлив, Камилски по обичај своето тврдење го зајакнуваше со мислата на голем поет или филозоф.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Без да наведе, ги изговори зборовите на Борхес: Ќе оставам сонцето и месечината да си проигруваат со мојата бедна судбина! Чудесно речено, пријателе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сексуалните теми се испреплетуваат со навестувањата на смртта. L’EPEE („меч“), како оружје го зајакнува овој впечаток, и самиот збор ја сугерира играта со зборови, la paix - “мир” (конечно... Requiescat in Pacem).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Песната го храбреше, му го зајакнуваше моралот со помислата дека не е сам, наскоро ќе пеат сите со него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)