го (зам.) - заштитува (гл.)

Јас не сум касап, по ѓаволите! Јас само го заштитувам она што веќе никој не го чува!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стрела сама се упати по него. Дали со желба и чувство да го заштитува својот млад господар, или од страв да остане сама?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)