го (зам.) - зачуди (гл.)

Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Антонио помисли како воопшто не го зачудува страста на пријателот кон водите, наспроти бројните сонародници на патрицијот кои на почвата и го даваа сето богатство и достоинство, а морето им го оставаа на туѓинците – Ѓеновјаните, Венецијанците, Сиријците, Русите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но и го зачуди тоа што таа почнува разговор на тема од којашто толку многу стрежеше поради стравот дека таа ќе го одврати од тој разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го зачуди фактот што на пликот нема име на испраќачот... Го распара пликот и остана вчудовиден!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влезе слугата и им донесе ашуре на бегот и на ибн-Тајко, а тоа овој уште повеќе го зачуди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Санџак-бегот не изгледаше лут. Тоа го зачуди ибн Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Отпрвин на Арсо му се стори (и тоа го зачуди) дека сите овие дрвја забодени со врвовите во синевината се бесилки, некаков нов и затоа непознат пронајдок за умртвување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа добри, средни компири од едно добро семе, бинте, што успеваше одлично во планинската земја, бели и трошни кога ќе се испечат, но го зачуди тоа што ги имаше толку малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа како со нож му ги прекина мислите, го зачуди и го заскокотка љубопитството.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)