го (зам.) - зачисти (гл.)

Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Од парталите Грдан ја имаше старата торба, зашто нова Горда не успеа да му подари за божемниот роденден, а од друга страна требаше час поскоро да го ослободи станчето заради жената што требаше да го зачисти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зашто ателјето на Гого беше жива слика на општ неред, во кој исклучиво тој гледаше некаков ред или ред нему што му годи колку што му треба, па затоа за жива глава не оставаше туѓа рака да го зачисти, па макар да е тоа и неговата сопствена жена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)