го (зам.) - зацврсти (гл.)

Но, ете ја,стои - карпа пред јароста бурна; нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои идат од душата тмурна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Согласно со неговото толкување, 20-иот век би требало да го зацврсти тоа раздвојување и да го искористи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дури и оние медии (да ги наречеме „младински”, не именувајќи ги бидејќи нивната „непро­фесионалност” лежи пред сè во неис­кус­твото) кои експлицитно го градат својот имиџ околу вредностите на урбаната култура, многу често не нудат ништо друго освен егзибиционизам, дилетантизам и ескапизам, кои не само што го зацврстуваат режимот (што не е ни битно), туку, поважно, онево­змо­жу­ваат некои подлабоки и поавтен­тични форми на протест, оневозмо­жуваат создавање на високи медиски критериуми кадешто одговорноста и знаењето се врвни категории.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еднаш најде под борот паднато седело со две скршени јајциња; го зеде, го стави на клупата и почна да го поправа, да го дотерува: му ги нареди растурените сламки и пердуви на свое место; го изизврти низ рацете да му ја врати формата, да го зацврсти.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во 925 се прогласил за цар на Бугарите и Грците, а бугарската црква ја издигнал на степен на патријаршија. Го зацврстил феудалниот поредок во државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А вака, времето се смири, небото се исчисти, а студот само го зацврстува владеењето на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неговите дела го зацврстуваат сидеричното време и бесконечниот простор во затворен уметнички предмет.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога крварењето упорно не престануваше, тој цврсто си ја завитка ногата со еден завој кој го ископа од тоалетната фиока и потоа го зацврсти со леплива лента. Маргина 34 89
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По објавувањето на книгата Црква (1933), Селин работи на новиот роман: Смрт на кредит (1936), кој го зацврстува неговиот веќе огромен книжевен углед.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А кога Ајша и рече дека ќе може да ги облече само ако се потурчи, Анѓа го зацврсти своето решение: да умре, но да не се потурчи, токму затоа да не ги облече тие смрдливи алишта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури многу подоцна терминот го зацврстува своето буквално значење во “прави разлика”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Не, само лежев покрај неа, да заспие и да го зацврсти сонот“, мама Злата излезе напрсти од резиденцијата на Мими - Снежана и седумте џуџиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Најчестиот одговор на поборниците и поборничките на кусо би го резимирале вака: популарната култура само го зацврстува веќе постоечкото однесување и погледи, а ретко создава нови модели.6 Несомнено еден од критичарските евергрини е влијанието на телевизиското и општо медиското насилство врз однесувањето на (пред сѐ младите) гледачи и гледачки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе тогаш водечките медиуми во еден глас трубеа ист рефрен, како што тоа денес го прават највлијателните корпоративни племенски тапани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е неговиот резервен аргумент, неговата пропусница.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сталежот на функции се прогласува себе си за културен заштитник и со тоа го зацврстува својот легитимитет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако во последните години оваа полемика повторно се степенува, првите подвизи на критиката од овој вид имаат корени во педесеттите, во росните години на рокенролот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)