го (зам.) - зафаќа (гл.)

Капнува солза во водата и отвора кругче, а тоа уште едно и уште едно и се шири, го зафаќа целото огледало на вирот, полека стигнува до брегот и се гаси, врз него згаснува друго кругче, носејќи го со себе огрденото лице на Зоја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се потпира на обајцата и ни го зафаќа она мало растојание меѓу нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Огнот веќе го зафаќа и покривот од куќата, целата чатија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под нив снегот беше мек и го зафаќаше високо над колениците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа два слоја од тој длабок снег, едниот беше здола и го зафаќаше високо до над колениците, а на неговата површина стоеше една дебела корка, која иако тешко, но сепак секогаш се раздробуваше под неговата тежина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Главата ѝ станува тешка, чувствува стегање на прстен околу клепките и додека во неа продира слаткото фрчење на носињата на внуците, Костадин лелујаво си го зафаќа синоќешното место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неговото здравје видливо попушташе. Го зафаќаше и придружната сенилност, заборавност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тивкото ветре што струеше од реката го зафаќаше мазното лисје на мамутските тополи што долги години самееја спроти тврдината небаре решени да ја надвишат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Цветан Горски херојски се бореше, уште од првите дни на сталинизмот, да ја спаси колекцијата на животот на Езерото на својот учител, морален татко, во времето кога пајажината на сталинизмот го зафаќаше Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)