го (зам.) - затскрива (гл.)

Како да се срами, како уште да го затскрива лицето од војниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Воздушести платна, наместа шареникави, боејќи ги зраците, го затскриваа скржавиот и удобен мебел.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тогаш, придушувајќи го шумот со својата дланка, тој ја откочи пушката, а после, крадешкум подавајќи се од зад стеблото, гледаше по долинката пред себе. Ништо не му го затскриваше погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги отворам очите, а над мене едно дрво ту ми го затскрива сонцето, ту ми припушта светлина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пилиштата ни го затскриваат сонцето и нивните сенки ни паѓаат над лицата, на дланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)