го (зам.) - затресе (гл.)

Прдешката му го затресува целото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На момчето низ брадата му тече крв од устата, полуотворена и уморена од смртта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа строго го погледна, го фати за нависнатиот подбрадок и, цедејќи го секој збор, го затресе: - Војската си ми ја оставил гладна!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
“Еј,” Ливајн го грабна за глава и го затресе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Машала, повтори Ристо Рамбаба и го затресе синџирот од восхите виснат меѓу очите, на сите што го гледаа бикот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еве ја мојата поетика, вели Павлов: По долги опити, кога да му принесам храна во чинијата и трипати да му тропнам – го научив кучето: трипати да го затресе синџирот и да ми лае од радости.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Токму пред зори таа го затресе Даниел за да го разбуди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Пријателе.“ Пред болката да го убие, некој го затресе за рамо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Марија.“ Нејзината рака посилно го затресе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го затресе трупецот. Му се стори дека нешто внатре клапа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Тоа, тоа е... Гледај... Го дигна и го затресе грнето покриено со земјен капак залепен на отворот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Им се сторило дека немо се простува од нив, меѓутоа се оддалечувал со тешки и паднати раменици, со напор на измачен осуденик што сепак во определен час според непроменлива пресуда ќе стаса на губилиште со бесилка или со куки за бесење, за патување кон вечниот мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Станувајте, викал Арсо Арнаутче; се наведнал над најмладиот и го затресол; се клештел со задоволство на сезнајник на чија дланка лежат сите тајни на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Преображење Господне или ношта спроти 6ти августа, а спроти како шчо велеет друзи, спроти Водици, секоја година се отворало небото и тога се поклонвеле древјата со врхоите си до земи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ќе го затресол некој вол уото, ќе се затресла земјата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)