го (зам.) - затне (гл.)

Ја стави раката на цепот да го затне, но виното му избиваше меѓу прстите како крв.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дошла помалата и уште од врата го затнала носот, наѕрела и си отишла.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ако сретне Ѓупци или сиромав, селанин, носот го затнува, дишењето го запира...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во неа е силата и чистотата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Грижливо ја изделка корката, со парче тел го издлаби босчето како цевка, а по тоа зеде едно потенко багремово гранче, го дупна насреде и со него го затна отворот на црцалото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе го затнам шпиончето и ќе гледам некаде во нешто, којзнае во што...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Со манастиров гореле и калуѓерите. Божи унер.“ „Гореле, не догореле. Сега се мушкаат околу нас.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Се шумкаат, така е. Кога ќе заспиеш, ќе легнат врз тебе и ќе ти го затнат грчмакот со густа брада.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога тој навистина би имал усет за миризма, би си го затнал носот и би избегал на крај свет, зашто сево ова што се шири околу нас, сосем не е...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Им свика на Богуле и на Илко да станат и да појдат да го затнат насипот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)