го (зам.) - заслужи (гл.)

Таа со ништо не го заслужи овој матен превез!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ваков народ, ова го заслужува –одбруси Владимир.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Затоа што немаме доволно трпение за тие кои најмногу го заслужуваат.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се трудам да го заслужам тој леб.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гронинг беше многу критикуван од своите колеги, иако во голем број случаи не го заслужи тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овде не ја исклучуваме можноста дека публиката врз основа на нашиот настап стекна многу поповолно мислење за македонската култура отколку што самата таа култура тоа го заслужува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одмавнува со глава и ја тера надвор: - Не барај го повеќе. секој ќе го добие она што го заслужил ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој што работи против народот и земјава, ќе дојде ден кога ќе го добие она што го заслужил...“ Се вооружи кметот до заби.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Порано го зеде својот дел што си го заслужил ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе пати пред да бидат исклани стопаните на Имотот, Арслан бег, лично нему, на татка си, му докажуваше дека султаните не прават добро што толкав имот отстапуваат на христијани, дека, по правидна, Имотот треба да биде негов, Арслан бегов, зашто тој со крв го заслужил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, со тие зборови се изрази?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов навистина се сомневаше во мојата почит кон Ташапомислив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прифаќам исто така дека не постои збор од оние, пофалните, што Таша не го заслужува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не постои збор од пофалните што мајка му не го заслужува – рече Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И затоа, нова шанса сега ќе му дадам: кој од нив двајцата ќе ја реши загатката со натписот од одајата источна, тој ќе го заслужи името пресветло – Писмородец.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Анализата на Милер го заслужува нашето темелно внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Аристократите се смеат на околности што ѝ се ужасни и трагични на буржоазијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, „сентименталноста“ што често ѝ се товари на мелодрамата и која се смета за едно од нејзините обележја, на крајот на краиштата, не е ништо повеќе од склоност кон премногу изобилни нежност, достоинственост и почит на некакви нискосталешки луѓе кои (според елитата) не заслужуваат толку голема мера сериозна размисла, а кои ја добиваат од мелодрамата само затоа што мелодрамата ги одразува блиското идентификување на нејзината публика со таквата раја и силината на емоционалната внесеност на таквите гледачи во нивните животи. ‌Високиот степен на емоционална напнатост што мелодрамата го внесува во премрежињата на обичните луѓе, кој би им прилегал на врвните теми на трагедијата, но кој станува будалест кога ќе се наштима за да внесе горливо значење во животи што не го заслужуваат тоа, не може да не изнуди насмевка на лицата на општествено овластените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако поимот „мелодрама“ сега станува погрден, тоа е затоа што очигледното сочувство што мелодрамата го внесува во судбината на обичните луѓе изгледа, барем од повластена гледна точка, дека е изместено, дека е облик на задоволување ниски страсти, дека е побудено исклучиво од недостојна, неоснована, пристрасна, сентиментална приврзаност кон инаку неисклучителни ликови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, смешни се кога ќе се споредат со маките на Ифигенија, на Федра и на Хамлет (иако Шекспировата трагедија секогаш според темите и домашните преокупации е поблиску до грижите на буржоазијата, поради што е полесно да се приспособи кон потребите на некоја современа народска публика).305 Бегањето со погрешен маж можеби ќе излезе погубно за Клариса кај Семјуел Ричардсон, но последиците не се баш вселенски: нема тие баш толку да го потресат светот како последиците од Парисовото заведување на Елена – со други зборови, „урнат ѕид, спален кров и кула / И Агамемнон мртов“.306 Кога се гледа од повисоката положба на општествената елита, средносталешката трагедија е само мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Но, тоа не значи дека тие заслужиле така лесно да се прифати нивното деградирање без тоа да го заслужат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А ние мислиме дека тоа не го заслужуваат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бев убедена дека Вера тоа навистина го заслужува, но не ја викав така.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако некој се посомнева во ова моја одредница, тогаш нека повели нека ги регистрира репертоарите на театрите, нека ги регистрира екипите кои го чинат сегашниот театарски израз, нека се потруди да слушне на кој јазик се обраќаат на домашната публика, со каков сценски конфликт сакаат да го заслужат нивното внимание, нека се потруди да забележи дека нашите театарџии се прават како да се паднати од Марс.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа почесно место го заслужи укажувајќи неспретно на вистината што тешко се изразува со зборови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На тоа жената одговори: „Или нешто што не мораш да го заслужиш“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бргу се повлече назад. - Готово, атентаторе! Го заслужи орденот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знам дека многумина од вас ми пцујат мајка зашто од одличната сцена на бивша Југославија токму неа ја одбирам за мојава ин мемориам колумна ама верувам дека Брена си го заслужува своето место во овој напис.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А колку често драги мои, паметиме работи кои што тоа не го заслужуваат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Можеби светлосните години се еднакви, но полжавските не се и Освалд веќе не го заслужува моето внимание.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Правам многу за тие што го заслужуваат тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кејтеновиот син, разбирајќи ја мојата мисла, рече: - Слушај Леме, слушај мало будалче, - ме прекори, ова место никој не го знае освен тебе и никој не смее да го има додека не го заслужи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа си ја почеша својата растурена, црвеникава коса, дива како кај јарињата и, насмевнувајќи се, рече: - За нешто друго заслужи ова место, Леме го заслужи за сите оние денови што не се истави од ѕидот барајќи го оној процеп за да ѕирнеш малку кон водата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја чекаше својата казна, своето понижување кое со ништо не го заслужи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повторно го одложив пишувањето на вистинскиот одговор на писмото на Мајка, каков што таа го заслужуваше, да го заслужам спокојот во нејзината душа кој недостигаше во мене, а јас тоа силно го чувствував во себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На Хичкок никогаш не му станало јасно што можел да направи за да го заслужи тоа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, откако барем малку ќе го запознаеш, ти станува јасно дека прекарот наполно си го заслужува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го заслуживме ли тоа?“ праша таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таквите не го заслужуваат моето внимание, колку сакале да се згодни и паметни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав да можам да ѝ помогнам, па се сетив на онаа болка што ја почувствував кога Игбал нежно ја погали по косата и ми дојде да му се извинам поради тоа, како да сум му згрешила, како да сум го изневерила со нешто што не го заслужува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)