го (зам.) - засакува (гл.)

Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе те напојам, ќе те најадам, му велев, а и некоја облека ќе искапам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа му помогна и Германија која како да почна и поинаку да го засакува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како дете потрчуваше по мене. Го водам и го засакувам - овца ми бара да заколам, овца ќе заколам ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)