го (зам.) - зароби (гл.)

Таму бил посетуван од Мур, кому му диктирал белешки за философијата на логиката, а се допишувал и со Расел на истата тема.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Извадоци од текстовите на Мирољуб Вучковиќ; Милан Прибишиќ и Марина Мартиќ Момент, 14, април-јуни 1989 The last of England, 1987 200 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Arman Schwiters okno.mk | Margina #11-12 [1994] 201 Ц ентарот Жорж Помпиду (Georges Pompidou) ќе ја претстави првата француска ретроспектива посветена на делото на Курт Швитерс (1887- 1948).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Општествениот ред се гуши, нацизмот во облик на поп-свет го заменува тој ред, и се ослободува енергија која Џарман можеби ја критикува, но која едновремено и го заробува”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На Џарман му беа потребни неколку недели да го прифати фактот за присуството на вирусот во сопственото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ВТОР ДЕЛ „Го изгубија небото зашто сакаа да го заробат.” XII И еве ме, на крајот, пред прагот на Атеистичкиот музеј во Скадар, на крајот од музејската спирала, на заме­не­тиот живот со музејскиот, на заменетиот Бог со идео­лош­киот, на заменетата иднина со утописката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во истиот миг целата вселена на пајакот се склопчи, во клопче се претвори и го зароби во себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зар не гледате оти луѓе- сенки со сенка ве обѕидаа, оти луѓе- ѕверки ве сардисаа и ветрето ви го заробија и ангелите и виделината?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оние што највнимателно ги слушаа неговите зборови секогаш беа тие што и без него почнале да ја разбираат суштината на материјалното – дека тоа човека го заробува наместо да го ослободи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш мислеше дека е подготвен да ги изоди сите дивини, само да биде негова, и му се чинеше дека секој збор што тој ќе го каже ќе биде премногу во аголот во којшто таа го притисна со своите зборови и го зароби во својата мрежа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Судар без жртва? Ранети мисли телото го заробија.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И навистина, преку вешто поставени прашања, меѓу другото, дознал и за измамата со наопаку поткованите коњи и се здобил со сознанија за вистинската состојба во тврдината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Млад, убаво развиен и со црни како јаглен очи, младиот воин го заробил срцето на убавата, но наивна принцеза.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Прекалениот римјанин веднаш сфатил дека е предаденн, а дознал и кој го предал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И треба да знаеш, вели, ако не го заробиш ти него, ќе те зароби тој тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Широка и темно- зелена, речиси црна под неколкуте врби од оваа и од онаа страна, реката се движеше без вирови и нечујно кон некое море.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеа да го заробат или, Уште полошо, да го згмечат со нога.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога го заробија непријателските војници и кога со другите заробеници го построија крај брекчето да го стрелаат, тој од селото, долу под брекчето, чу свирење на гајда и почнаа трпки да му врват по снагата од возбуда.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но и тој ја доживеа судбината на другите... - дополни Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Познато е од грчката митологија кога Белерофон го заробил Пегаз и го јавал во многу свои походи, но кога се обидел крилестиот коњ да го јава кон небото бил отфрлен и убиен, а Пегаз останал на небото како дел од некое соѕвездие...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од замрсеноста се отсукуваат врели нишки, го заробуваат светот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стана плен на лакомост и гордост на твојата икона, лажниот светец суетата вешто го зароби духот исто како непрогледан слепец Стадото на лукавиот сѐ повеќе расте и неговиот пат е простран и широк а животот страстен кога ќе спласне ќе тонеш во мракот духовно сирот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ама еден ден режимот го зароби чунот!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ами, ако го заробат Германците?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие што сакаа некогаш да им го заробат небото на луѓето, конечно се поразени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)