го (зам.) - запомни (гл.)

Го запомнија. Не го жалеа. Знаеја дека оздравел, беа речиси радосни од тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја запомни само карактеристичната обесеносг на рацете, кога тие се врзани, но лисиците се покриени под ракавите; го запомни само тоа сопнато чекорење со увиснати раце, кај тој младич, што продолжуваше и меѓу двајцата џандари да си биде ластерест и извишен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ниедно свое поминување по скелето тој не го запомни толку крваво, како што беше тоа негово последно слегување од највисокото скеле до земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Здогледа еден селанец како гледа кон небото и го запомна местото кадешто тој стоеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Убаво го запомни селото и родителите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еднаш гледав како една млада жена ја масира по стомакот и ѝ става нешто како грне, а мене тоа ме интересираше па си го запомнив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Глупости мислам. Ништо важно не беше, обичен муабет. Требаше да го запомнам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)