го (зам.) - заплиснува (гл.)

А ваквите промени во животот, со кој тој изградил колку-толку стабилен однос, игра со точно одредени правила од кои како сега, може да се отстапи, како да го заплиснуваа и несакајќи го тоа, со мириси и сеќавања на уште понови и поизненадувачки во својот настап, запознавања, улоги и драматични разоткривања - скали кои го водеа по неосветлени и меѓусебно испреплетени различни покажувања на истото нешто во кое мислеше дека не по своја волја влегува, таму кадешто не бил дотогаш. Но зошто?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Однадвор Сарајот личеше на раскошна галија на два ката, со впечатлива фасада чиј двор го заплиснуваа далгите на морето, а стреите му ги надлетуваа морски галеби.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)