го (зам.) - заплисне (гл.)

Од вратата го заплисна мирисот на помфрит, арома која што дополнително му го креваше ентузијазмот за јадење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар не ги сакаше многу електронските звуци, па и сега кога на врата го заплиснаа како студен декемвриски ветер, малку му се скисели во душата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Го заплисна здрав глас, порој на безгрижност: „Здраво, хер доктор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Белина го заплиснува во очите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тресел, од корен трепетел, младите мускули му се скаменувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе јачел. Пролет, ми се потсмеваш ли? Наеднаш го заплиснал бран на навреденост, на очај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го заплисна мирис на чисто женско тело, а раката му допре наводенет дел од ноќницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)