го (зам.) - заплиска (гл.)

Предниот дел од куќата го заплискува езерото, дупи водата на него настојувајќи да го пробие; по ѕидот се оцртуваат темни валкани линии, 'рѓи, останати од езерото кога надојдувало и се качувало нагоре; долниот кат е влажен и во него не се живее; на горниот кат има прозорец што гледа право во езерото; во дворот, што се шири во задниот и јужниот дел од куќата, има бунар чијашто вода доаѓа од езерото низ песочните жилички и која постојано стои на нивото на езерото: кога тоа се повлекува, и бунарот се суши; од бунарот се црпи вода само кога езерото е матно, кога дува југот, и кога од него не може да се пие вода; во куќата се влегува од надворешните скали залепени до ѕидот и заштитени со дрвени пармаци; скалите завршуваат на долгиот чардак од кој се влегува во двете одаи; секоја има јужен прозорец кој гледа во дел од селото и во планинската шума што се протега сè до албанската граница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во шумата го заплиска чист планински воздух, го освежи и го расположи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Највпечатливо место се водопадите, кои од стрмнините го заплискуваат ова убаво летувалиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неупатениот тешко би поверувал дека Трново со сечат, го заплискуваат водите само на реката Јантра.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Водата, што го заплискува брегот во далги, се меша со ситниот песок, се поматува и станува непријатна за капење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)