го (зам.) - заостри (гл.)

Иако е познато дека младината уште од педесеттите години наваму учи со музика, работата стана критична токму со глобалното раширување на MTV, што покрај аудитивното, бара и визуелно внимание.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ајде на работа – заповеда и плусна Сулејман со рацете, а везирот и Суљо со длабоки теманиња назадечки излегоа низ врата од салата, да го напише везирот светото решение, а Суљо да му го донесе на кадијата и да го насрчи да го заостри зулумот над Мариовците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А таа не сакајќи понатаму да го заострува, заклучила спорот да го решат двете земји со директни преговори, а со посредување на Конференцијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Родителите и образовните установи се жалат дека младината поминува премногу време гледајќи MTV, а премалку пишувајќи домашна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Противењето во однос на популарната музика го заостри настапувањето на музичката телевизија, што при својот настанок дури меѓу самите музичари побуди многу одбивни реакции.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)