го (зам.) - заокружи (гл.)

Запре уште на зборовите, кои можеа да имаат привлечно и провокативно значење како: тас, поголем или помал сад во зависност од намената, за црпење вода, за капење во амам, дел од вага и друго (од арапски tas); ѓезве, специјален мал сад за варење кафе, обично со количина за една чашка кафе, но постоеле и поголеми ѓезвиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Раиз, човекот со кралско име, врсникот на Бургиба, си го заокружил денот со изгревот и залезот на сонцето во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Без жедта цветовите не постојат. Размислував за неговиот спокојно одржуван чекор, за неговото задоволување со малку среќа, со парите што ги заработуваше да ги купи последните топли векни леб од фурната на патот и да го заокружи уште ден среќно минат ден во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во далечината се руменееше небото од последните зраци на сонцето во залез, последните зраци се пробиваа низ процепите на палминото лисје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Целата оваа активност ќе го заокружи економскиот развој, капиталот ќе се придвижи, па и ќе се сврти како и сите ние, под присмотра, а и ќе се вработат нови, нестручни кадри, од најгорливите ризични социјални групи, на кои не им е до ништо, а не па до секс... за што секако ќе бидат подложени на претходно тестирање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И од работа побарала подолго отсуство. А впрочем, курсот по антропологија што го држи на Универзитетот, и онака веќе го заокружила.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Професорот Виктор зборуваше за птиците, но само што спомна некои црви, пред да стигне да го заокружи и поврзе своето излагање, го прекина професорот Џејмс, кој се разбираше во црви како самиот да ги правел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Камилски конечно сакаше да го заокружи конечниот список на зборовите за коишто беше задолжен пред утрешната средба со Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)