го (зам.) - замрачи (гл.)

Само тој знае какви тревки и корења треба да се собираат за да му го замрачат умот, за да го доведат до некаква рамнодушност спрема сѐ што се случува околу него, да го оттргнат од луѓето и од грижите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можеше да се погоди грда, лоша пролет, со снег, со фортуни, што мислите, зар тоа можеше да го замати неговиот светол поглед, да го замрачи првомајското сонце?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја запали светилката и појде да го замрачи прозорецот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)