го (зам.) - замрази (гл.)

Навреден, Луман го замразил цел свет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата. – Не зборуваш, а? – му се врекна кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лекарот не смее да крене раце од пациентот сѐ додека овој не го замрази, тоа е единствен начин работите да се мрднат од мртвата точка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Првото што го замрази кај него покрај потењето беше токму ваквиот начин на однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од истиот момент си го замрази името, а малку недостигаше да се замрази и себеси.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На лекарот треба многу да му е грижа за пациентот, за овој најпосле навистина да го замрази.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Арсо е способен да го види тоа, да го замрази и да го презира длабоко во себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)