го (зам.) - замолчува (гл.)

Се прашувам зашто знам, а паметам и од моите детски години, дека тука и пошироко, од југот никогаш не дуваа добри, питоми, топли и добродушни ветрови, туку немирни, урагански, строги, магливи, безмилосни кои го замолчуваа гласот и зборот, сееја страв и ги развеваа и раздувуваа сите надежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зад мене некој струже на тенеќе и ми писка в уши. Замавнувам со рака и го замолчувам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Замавнувам со рака и го замолчувам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)