го (зам.) - замати (гл.)

Како само едно камче успеа да го замати изворот кој требаше да го заврши патот до сливот чист како солза?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И со една голтка ја испразнува чашката божем сака да кажеш ете ова се парите, си ги имал, сега ти го заматуваат умот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дошло време нивните сили, боговите во нив, со славољубие да си го заматат умот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Трговците не си го заматуваат умот со вино.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И да можев да избегам, не ќе го сторев тоа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секогаш искрснува нешто ново, што пак ми го заматува умот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Може ли да постои некаква врска, каква било, помеѓу бидувањето геј и „нејасноста на гласот што го заматува родот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеше да се погоди грда, лоша пролет, со снег, со фортуни, што мислите, зар тоа можеше да го замати неговиот светол поглед, да го замрачи првомајското сонце?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Завојот ми го заматува видното поле и опседната сум со двете бели дамки што ме следат каде и да погледнам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Станувам и одам во бањата за да си ја измијам засирената крв околу устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)