го (зам.) - замаглува (гл.)

Констернацијата што произлегува од овој факт го замаглува умот па слабите по дух забораваат или се онеспособени во парчето материја пред себе да ја препознаат минливоста на светот. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 18
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Утринава во хотелската бања водата е малку пожешка од вчера а научно е докажано колку водата е пожешка толку повеќе паѓа силата и неправдада, иако водената пареа на мнозина им го замаглува утринскиот поглед кон црвениот бајрак развеан на највисокиот балкон.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ВОДАТА ВО ХОТЕЛСКАТА БАЊА Е ПОЖЕШКА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Трошноста на старите мерачи на времето трепери од повикот на неопходниот збор – не само во безбројност на заминатите исчекувања, туку и во коприната на воздушестиот превез кој ни го замаглува погледот додека го набљудуваме времето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој како да доби крила: никакви пајачини од минатото не му го замаглуваа повеќе хоризонтот. Слободно чекореше. Победа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пријателе, да кренеме чаши: не сме слаби, ни малодушни...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)