го (зам.) - закопча (гл.)

Мартин го закопча околувратникот на кошулата, ги исправи краватата и околувратникот на сакото кое беше превиткано на десното рамо, па побрза низ ходникот покрај низите затворени канцелариски врати на четиринаесеттиот кат кон лифтот без лифтбој, додека ударите на неговите потпетици го реметеа спокојството на мермерниот под.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Ајде, бре, пушти го срцето, вели Витомир, што си го закопчал толку?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бојан го запрета убаво жарот, си го закопча палтото, ја крена јаката, зашто завивањето на ветрот во оџакот стануваше се посилно, што значеше дека надвор веќе не е пријатно за шетање, ја зеде секирата што беше закачена на еден клин во тремот и излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)