го (зам.) - закопка (гл.)

Го закопка љубопитството: кој ли е овој чуден другар?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Плумпкањето во моторот што го предизвикуваше вртењето на брчалото толку многу го заинтересира и го закопка, што го изврте утате неколку круга, а потоа рачката ја заврти цел полукрут еднаш посилно и побрзо и уште еднаш посилно и побрзо, при што плумпкањето се забрзуваше и тоа го доведе до идeјата рачката од брчалото да ја врти колку што може посилно и побрзо со намера да прави цели кругови.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Толку го почувствува задоволството од пишување по зелените страници на блокот што го закопка да има идеја веднаш да почне...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)