го (зам.) - заклопи (гл.)

Тие абдали, не знам кои беа, што беа зафатени со таа работа да го заклопат сандакот, најбезобзирно го стегнаа капакот, прстите ќе им ги скинеа мурдарите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го заклопија сандакот, ги извадоа своите грубо непристојни чекани и го заковаа. Без мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таксистот, пак, за чудо, осети потреба да продолжи: - Извинете, да не сте Вие од Куманово?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ај одвези ме до Театар – откако седна, крупниот човек со патец на сред залижана коса, го заклопи големиот црн чадор и внимателно ја затвори вратата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој го прелистуваше од почеток до крај, од фотографијата на голобрадиот бруцош до последниот потпис на деканот, не како да е на домаќинска маса туку во царинска кабина, па зачудено го заклопи: - Браво, богами.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)