го (зам.) - закити (гл.)

Арно ама, секогаш кога со градењето ќе втасале до покривот за да го закитат со венец од трева, полноќните ветрови или горските самовили им ја уривале кулата, како што Господ го уривал Вавилон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го хранат, вино му носат, со орденчиња го закитуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тројцата браќа почнале сомничаво да се гледаат, внимавајќи врз незавршениот ѕид да не падне ни нивната сенка, зашто кога нема друго, тогаш во градбата може да остане душата на оној чијашто сенка в мигот ја заробила градбата  умира како несреќник кого што го погодиле љубовни јадови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)