го (зам.) - закаже (гл.)

Службеничката им го закажа денот и часот, па љубопитно ги загледа и низ своите очила и низ стаклото на шалтерот, и со насмевка ги потсети да си поведат и сведоци за регистрацијата, тој од една таа од друга страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рочиштето за објавување на пресудата судот е должен да го закаже на рочиштето на кое главната расправа е заклучена и тоа ќе се одржи независно дали странките за тоа биле известени, односно дали пристапиле на тоа рочиште (чл. 324, ст.1-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тој рок судот е должен да одржи рочиште на кое ќе ја објави пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)