го (зам.) - заинтригира (гл.)

Тој ден со сендвичи и леден чај го разгледуваа пасусот Матеја 7:13-14, познат пасус што неодамна го заинтригира и вознемири Дејв; „Влезете низ тесната врата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше јасно дека го заинтригира атеизмот на ликовите на Достоевски. Внимателно очекуваше да продолжам...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Или пак онаа негова досетка, што најмногу го заинтригира: „Тортата на животот без правта на времето!?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега можноста за пушење го заинтригира, не само да запали цигара и да ја пувка, туку да ја пуши како едно потполно ново искуство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)