го (зам.) - загрижува (гл.)

Баш му е гајле кога и зошто ќе ме погледне!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност и свртувањето кон мене може да биде само во служба на неговите обвинувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Глупости“, заклучувам, „зошто да го загрижува нашето соочување!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Фаерабенд и го забавува и го загрижува верувањето на некои физичари дека се приближуваат кон една „теорија на сешто“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го загрижуваше нешто друго. Нешто што сѐ поизразито се чувствуваше во воздухот, ниски облаци, како капа, седеа над Чукарот, некаде во височините над долината се чувствуваше невидлива брканица на ветровите, а во воздухот веќе можеше да се насети близината на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа Чанга многу го загрижуваше. Да, кротката Белка на Сеген не знаеше за страв.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега вие можете да речете дека луѓето во ова општество живеат подолго, но прашањето е „Каков е квалитетот на животот? А ова не е решено“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега ќе мора да живее од компири, качамаци, јаболка, но тоа не го загрижуваше многу, важно е храна има не за една недела, не за две, туку за повеќе месеци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)