го (зам.) - загорчува (гл.)

По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе сакам со остроумни решенија да им го загорчувам животот на непријателите, пандан на Тито и понтонскиот мост преку Неретва, отколку како великиот Тесла да им ги осветлувам патиштата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Просто стравував да не мусе случи да дојде таму да најде некоја Фирмјанка да му го загорчува животот во Канада и да не доживее ниедна љубовна авантура во Охрид...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Животот воглавно ѝ беше убав; освен кога ѝ го загорчуваа децата на соседите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)