го (зам.) - загледува (гл.)

КРТОВИЦА: Каков е…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Берберот доаѓа до Кртот. Го загледува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тие го загледуваа одвреме-навреме и молчеа, небаре прашањето не се однесуваше на нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Грета: Можеби од твоите 14 сантиметри?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: Не сери, Грета! Ух...се исеков! (Станува и го загледува исеченото место)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
(Влегува Елена. Пауза. Тишина. Го загледува Михајло. Му приоѓа. Му го допира образот. Михајло збунето ја гледа.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ова беше во крпата! Сите го поземаме, го вртиме, го загледуваме.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не ја тераа да го препрочитува писмото, туку само сакаа да го видат, да го земат во рацете, да го загледуваат од сите страни, да ги замачкуваат и онака веќе замачканите букви.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Трча така, го загледуваат и чевлињата одеднаш не се чевлиња, туку кој ги носи најјунак е, кој ги носи најубав е, кој ги носи е сето она што селаните најмногу го ценат и сакаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го загледуваа светот во кој сега лееше дождот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)