го (зам.) - загадува (гл.)

Влатко седеше до Мирко и тој му објаснуваше како комплексот на хемиската индустрија преку подземни води го загадува земјиштето во населбата и селото Драчево.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ништо не го загадува воздухот повеќе од нас. Токсични сме бре гнасо една.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Па тој, и кога не зборува, го загадува воздухот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа е состојба на индиферентност кон појавените желби што го загадуваат неговото живеење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)