го (зам.) - завршува (гл.)

Јехуда го завршува псалмот и ја нагазува чашата што, свиткана во бела салвета, пука под ударот на неговото стапало.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мажите и жените танцуваат посебно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со антологискиот расказ на Д. Солев, „Кружно патување на сенката”, и со еден духовит „штос” расказ на М. Јовановски го завршуваме малиот циклус „Скопски раскази” што годинава излегуваа во Маргина, вкупно единаесет по број, од единасет автори.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сокол Мечевски претпостави дека Татко го завршува разговорот на оваа тема, но не беше тека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ете, луѓе, работата што ја свршија Хаџи Ташку и дружината, ние му ја претставивме на небето, по тоа сѐ тики има очи да види и ум да пресуди, вели Максим Акиноски кога го завршуваа обредот и затварајќи ја книгата и гнетејќи ја потоа в пазува под мишки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така Папата го завршува говорот пред местото на некогашниот Атеистички музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа крива и дупчеста артерија го завршува градот, избива во друм покрај Вардар и се губи на голиот рид.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Серл го завршува овој дел од својата книга со една расправа за следните три тези за свесните состојби:
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа го завршува првиот дел (поглавје 3) надоврзувајќи се на феминистичката теорија од последните дваесет години за да го покаже од полот условениот карактер на сегашната политичка теорија и политика , како и обрасците кои нив ги поддржуваат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така го завршува своето видување на ова спектакуларно судење турскиот весник “Солунски Дневник“, објавувајќи ги во исто време и судските материјали.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 14 јуни 1986 Борхес почина во Женева, каде што е и погребан.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес го завршува својот есеј со добро познатиот dictum: Можеби сета историја е историја на различно интонирање на неколку метафори”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џон Апдајк го завршува својот есеј „Писателот како библиотекар“ со следното размислување: „Со Борхес, ние се преместуваме од онаа страна на психологијата, од онаа страна на човечкото, и се соочуваме, во неговото дело, со еден атомизиран и празен свет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За време на последните години на војната го завршува лицејот и заминува за шпанија; под влијание на тогашните “ултраисти” (кои, заедно со некои други, пред повеќе од пола столетие одредени историчари на хиспанската литература ќе ги опфатат како “постмодернисти”, што била прва употреба на овој израз во книжевната историја), ги пишува и објавува првите песни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хронологија на животот и работата на ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС 1899.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако на крајот од „Платоновата фармација“ Дерида го сместува несводливиот механизам на јазикот над/пред мислата (а не обратно), „Паскаловата сфера“ веќе го изнесла истиот аргумент.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во 1921-та се враќа во Аргентина и со татковска помош 1923-та ја печати својата прва книга, збирката песни Одушевеност од Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби уште од Лукрециј поетот толку неотповикливо не ги чувствувал луѓето како случајности во просторот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа следат: Истражувања, Месечина преку патот (1925), Обемот на мојата надеж (1926), Јазикот на Аргентинците (1928), Бележницата “Сан Мартин” (1929), Еваристо Кариего (1930), Расправа (1932), Општа повест на срамот (1935), Историја на вечноста (1936), Класична антологија на аргентинската литература (1937), Антологија на фантастичната литература (1940), Градина со патеки што се разгрануваат (1941), шест проблеми за дон Исидор Пароди (1942), Измислици (1944), Узорна смрт (1945), Ново побивање на времето (1947), Алеф (1948), Видови литература за гаучосите (1950), Стари германски литератури (1951), Други истражувања (1952), Приручник на фантастична зоологија (1957), Маседонио Фернандез, Музеј, Создавач (1960), Други, исти (1964), За шест жици (1965), Хрониките на Бастос Домека, Увод во северноамериканската литература (1967), Книга на измислени суштества (1968), Пофалба на сенката (1969), Бродиевиот извештај (1970), Конгрес (1971), Златото на тигровите (1972), Книга од песок (1975), Длабока ружа (1975), железна паричка, што е Будизам? (1976), Историја на ноќта (1977), Кратка Англосаксонска антологија (1978), Борхес во збор (1979), Седум вечери (1980), шифра (1981), 25 август 1983, Девет есеи за Данте (1982), Атлас, okno.mk | Margina #32-33 [1996] 204 Завереници (1985).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото опело во катедралата свети Петар и неговата смрт во Женева беа метафори за тој солипсистички живот: Борхесовото место на престој не беше светот во постојан метеж, туку уредните одаи на Библиотеката. (превод: А. Б.) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 221
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу вредни дела го завршуваат книжевниот пат во мигот кога авторот физички ќе се раздели од светот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали, во прилог на ослободување од тоа, човекот ќе биде погоден од молњата на разурнувањето или од молњата на Љубовта?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со ова “Маргина” го завршува тематот за маниризмот Превод и подготовка: П.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овде постои еден, за психоаналитичарот зачудувачки парадокс, бидејќи најблагородната активност на психичкиот живот, градењето на објектната релација го завршува со празнење кое е обична соматизација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Многу од нив со lunch-пакети, со конзерви уредно спакувани во кафеави хартиени вреќички, седат или стојат, го завршуваат својот lunch, остатоците уредно ги оставаат во кантите за отпадоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Филмот продолжуваше, враќајќи се во сегашноста, кога Марсиа е веќе стара и го завршува раскажувањето на својата трагична љубовна приказна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Има уште многу страници да се прочитаат од есејот за Школата на тираните, да се провери нивната трајна актуелност во малата тиранија која ја замислуваше и не ја оствари Хабиб Бургиба...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На главната врата од резиденцијата, во авенијата на симетрично наредените палми, живи каријатиди на медитеранскиот пејзаж, го сретнав градинарот Раиз, како си го завршува работниот ден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Стрина Маловица го завршува наречувањето: — Слушајте, слушајте, татко и мајка и сете роднини.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И токму го завршуваше Петруш пазарлакот со свадбарите, еве го Стевана од Гудјаково со еден сир биено сирење во едно цедилце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Без да ја крева главата, без да фрла опул во нив, Пелагија знае дека тука е шефот на станицата, добриот човек со црвената капа и белата лопатка, учениците што треба да го завршуваат последниот клас, а според сенката што се мернува пред нејзините очи и здрвената снага на старецот, тука треба да е и Танаско!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Патуваат по реката до океанот, до колепката на раѓањето, кај што го завршуваат животот во љубов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Впрочем таму го завршуваат својот незапочнат живот и многуте случајно заскитани зборови од неговиот потсетник).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Писмото го завршуваат вака: - Низ целата година ќе ги подржуваме еко активностите, со цел да ја разбудиме свеста кај загадувачите, па конечно да превземат мерки за заштита на локалната средина, зашто тоа е еден од најважните услови за еден здрав живот во нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Им велам: Шагал е руски сликар од еврејско потекло, кој го завршува животот во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Навистина, најчесто она што се започнува е тешко, но мнозина започнуваат и, се разбира, со доста труд, по подолго време тие и го завршуваат започнатото.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)