го (зам.) - завика (гл.)

Поради него, поради Акиноскиот што молел тука, кладенецот го завикале, а и ден-денеска така го викаат, Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од сите знаменити води, Молитвена Вода, откако се паметува, играла најзначајна улога во животот на населбата во Потковицата и на сите околни села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По извесно време таа го завика Богдана, Пол.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не обрнувал внимание на него сè додека децата не почнале да го задеваат, да му се смејат, да му го пофаќаат рокчето. Поради него го завикале Рогле.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На крајот од цревото, низ кое течеше компримираниот воздух, беше џекот, копачот, со кој работеше Јован. Инженер Јован, го завикавме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најзабавен на Еда му беше Глувиот, Марко Кравата, еден провинциски бистар мангуп од Гевгелија кого војниците го завикаа Глувиот затоа што тој симулираше дека е глув.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Колку и да ја озборуваа селските жени по селото, тоа и беше и не беше некое чудо, ама еден летен ден, ужина време, ете ти го еден нејзин близок роднина со автомобил со ковчег одзади и со заамкана курбла на моторот напред, брчало, како што го завикаа брезничани, и кое кога посилно ќе го завртиш, автомобилот збрчува, почнувајќи целиот да се тресе како куче оставено на дожд.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поради козите, нашето маало крај реката, од Дрвениот мост па сѐ до паркот, луѓето го завикаа Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но како се случи и еден од неговите главни прчови да го завикаат Сталин, никако не можеше да разбере.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше тоа големо олеснување, услов последната мајчина рожба да остане во живот. Братчето го завикавме Агим (Мугран).
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Ние го завикавме Црни и Мурџо - а тоа си било Блеки“ реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Затоа - луѓето велат - Турците го завикале „Караорман“, што значи црна шума.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бргу се закарал со сите во селото, та Турците го завикале копиле и лоша вера човек.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И сите беа против јатачето, како што го завикаа Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)