го (зам.) - забуца (гл.)

Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со кибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ја виде како паѓа на креветот и како го забуцува лицето в дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го забуца лицето во осветлениот грст.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се валкаа низ тревата, а таа толку убаво мирисаше, што просто мамеше да си го забуцаш носот во неа, да се зајди од мирисање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А тие тоа пак му го зборуваа. И еден ден Скрче му го забуца куршумите на Грдан.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сеедно, под едниот ѕид на урнатината (тоа сепак биле остатоци на манастир) Онисифор Мечкојад, величествениот гениј на ножот, стоел под светлоста на запалено парче од скршената оска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни тогаш ни подоцна не се разјаснило што го натерало со еден удар да го забуца до дршка сечилото на ножот зад главата во вратот на Дмитровото сонливо воле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да му се стемни, пред до клепки да потоне во поплавата на безумноста видел дека небото над него е мртво око на закланата вселена и видел во тоа око блескав цвет од лилава и бакарна и зелена светлост, за да му покаже во што да го забуцал ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крстот со неговото име врз хумката го забуцува Пелагија и прв пат ќе ја слушнат да проговори Бог да го прости!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со ќибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)